ВЕБ АПЛИКАЦИЈА "ЕСАП" претставува софтвер/веб апликација за приказ на различни типови на финансови прегледи. Системот е дизајниран со цел да му се олесни работата на клиентите, контрола на информациите и побрз пристап до бараната информација.
Консултирајте се со вашиот сметководител
1. Сметководителот задолжително треба да го користи софтверот за Финансово работење на Кодекс Компјутери.
2. Сметководителот е тој што ќе ви креира корисничка сметка.
3. Потребно е да имате валидна е-маил адреса.
4. Откако сметководителот ќе ја пријави вашата е-маил адреса вие треба на истата да добиете порака со линк за регистрација.
5. По пристапување на страната за регистрација потребно е да внесете лозинка и да ја потврдите истата. После успешно внесените податоци одите на најава.
Сл1. Е-маил порака за регистрација на нов корисник
Сл2. Форма за внес на лозинка и потврди лозинка при регистрација
Сл3. Приказ на успешна најава
При најава го внесувате корисничкото име, односно вашата е-маил адреса која ја внесил вашиот сметководител при регистрација и вашата лозинка и стиснете на копчето "Најави се". Така пристапувате до почетната страна на апликацијата.
Сл4. Форма за најава на корисник
Во случај да ја заборавите лозинката потребно е на најавната страна да пристапите кон линкот "Заборавена лозинка?" . Ќе ви се отвори форма за внесување на е-маил адреса. Откако ќе ја пополните формата проверете ја вашата е-маил адреса. Ќе добиете порака со линк за ресетирање на лозинката. Ќе ви се отвори форма иста како при регистрација да внесете нова лозинка и да ја потврдите истата лозинка.
Сл5. Форма за заборавена лозинка
Сл6. Инфо за пратен е-маил за ресетирање на лозинката